• понеделник, 23 декември 2024

Во Лас Вегас убиен е новинарот Џерман

Во Лас Вегас убиен е новинарот Џерман
Вашингтон, 4 септември 2022 (МИА) - Истражувачкиот новинар Џеф Џерман почина откако беше избоден со нож пред својот дом во Лас Вегас. Се претпоставува дека 69-годишниот Џерман настрадал во изолиран случај. Полицијата трага по еден осомничен. Џерман од 2010 година работеше во „Ривју-џурнл“ (Review-Journal), а претходно две децении беше колумнист и репортер на „Лас Вегас Сан“ (Las Vegas Sun). Тој беше познат по написите за владините малверзации и политичките скандали, а известуваше и за масовното убиство во 2017 година за време на музички фестивал во Лас Вегас кога беа убиени 60 луѓе, а повеќе од 400 беа повредени. ми/

Остани поврзан