• понеделник, 18 ноември 2024

Во Куќата на Рацин одбележани 83 години од печатењето на „Бели Мугри“

Во Куќата на Рацин одбележани 83 години од печатењето на „Бели Мугри“
Велес, 25 ноември 2022 (МИА) - На денешен ден се навршуваат 83 години од 25 ноември 1939 година кога во печатницата на Драгутин Шпулер во Самобор, Хрватска за првпат од печат излезе стихозбирката  „Бели мугри“ на поетот и револуционер Коста Солев Рацин. По тој повод Општина Велес денеска  одржа програма во неговата родна Спомен куќа во стариот дел на Велес За неговиот живот и дело говореше историчарот и виш кустос Марин Клифов, а за големината и значењето на издавањето на антологиското дело „Бели мугри“ беседеше професорката Соња Карбева од велешката гимназија „Кочо Рацин“. Ученици од гимназијата што го носи името на великанот, рецитираа стихови од Рациновата „Ленка“, „Татунчо“, „Денови“, „Елегии за тебе“. Сиховите на Рацин  одекнаа во неговата родна куќа во Велес. Неговите потомци го оживеаја споменот на безвременото  дело на големиот поет и револуционер Коста Солев Рацин. Настанот беше збогатен со музички изведба  на виолини на ученички од Основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ . Од куќата на поетот и револуционер Рацин,учениците - учесници на настанот потоа се упатија во Младинскиот центар при Градската библиотека каде  твореа свои дела  инспирирани од творештвото на Рацин. Инаку стихозбирката на Коста Солев Рацин еден од најпознатите велешани и Македонци во светот, е  токму по неговата социјално ревоуционерна збирка „Бели Мугри напишана на македонски јазик, а преведена по војната до денес  на сите официјални светски и голем број други јазици во Европа и светот. Интересен е податокот што велешките основци и средношколци во сите изминати години и денеска се уште целосно  ја учат и знаат  напамет  целата стихозбирка  „Бели Мугри“. Воедно  пооделни  стихови од неа како на пример од   „Ленка“, Денови“ и „Копачите“  задолжително  учат  во наставата по  македонски јазик и литература ученици во основните и средни училишта во земјава. ад/аа/

Остани поврзан