Во Куманово ноќеска пожарникарите гаснеле запален автомобил
- Кумановските пожарникари интервенирале на три пожари во текот на изминатото деноноќие, информираше денеска регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Куманово, 30 јули 2022 (МИА) - Кумановските пожарникари интервенирале на три пожари во текот на изминатото деноноќие, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Ноќeска од 02:55 до 03:55 часот пожарникарите гаснеле автомобил на улицата „Никола Карев“. Во село Брзак синоќа горело стрниште и сува трева на приближно два хектари. Пожарникарите го гаселе од 19:55 до 22:05 часот.
Вчера во попладневните часови горела сува трева на локалитетот „Менкова Колиба“. Од 17:25 до 18:05 часот пожарот се гасел со едно противпожарно возило и четворица пожарникари, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи. ам/ев/