• среда, 25 декември 2024

Во Куманово и денеска се делат продукти за социјално загрозените семејства

Во Куманово и денеска се делат продукти за социјално загрозените семејства
Куманово, 5 април 2020 (МИА) -Тимовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување и Црвен крст Куманово денеска продолжија да дистрибуираат пакети на социјално најзагрозени семејства со прехранбени производи и пијалоци, средства за лична заштита, хигиена и дезинфекција, објави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
Ранливите категории граѓани можат да се обратат за набавка на неопходни продукти на телефонските броеви 075 207 126 и 077 71 94 94.
Димитриевски извести дека дежурниот телефон на општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365 061, на кој граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации.ам/бт/

Остани поврзан