Во Куманово запалени четири контејнери
- Четири контејнери во Куманово биле опожарени, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Територијалната противпожарна единица вчера интервенирала на пожар на три контејнери и напуштена гаража под пругата во месноста ,,Бавчи". Контејнер бил запален во текот на вчерашниот ден и во село Горно Којнаре. Пожарникарите гаселе и ѓубре во село Романовце.

Куманово 21 октомври 2024 (МИА) - Четири контејнери во Куманово биле опожарени, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Територијалната противпожарна единица вчера интервенирала на пожар на три контејнери и напуштена гаража под пругата во месноста ,,Бавчи". Контејнер бил запален во текот на вчерашниот ден и во село Горно Којнаре. Пожарникарите гаселе и ѓубре во село Романовце.
Жителите на булеварот ,, Октомвриска револуција" постојано се жалат на неподнослива миризба и додаваат дека воздухот дополнително се загадува поради палењето.
Во текот на викендот несовесни граѓани ги фрлиле во река новопоставените садови за смет долж течението на реката Кумановка.
Кумановци бараат брза и навремена реакција од општинските и државните институции за спречување и казнување на несовесните граѓани кои ја уништуваат урбаната опрема. ам/дма/
Фото: Кумановска горила