• сабота, 16 ноември 2024

Во Куманово вечер почнува „Џез-фестивал 2022“

Во Куманово вечер почнува „Џез-фестивал 2022“
Куманово, 13 септември 2022 (МИА) - Во Куманово вечер во 20 часот во Занаетчискиот дом ќе почне тридневниот „Џез-фестивал“, информираа денеска организаторите, Институтот за наука, уметност, култура и спорт (ИНУКС). Годинава фестивалот, кој се одржува по шести пат, ќе трае три вечери, од 13 до 15 септември, а ќе учествуваат Георги Шарески со Марко Јовановиќ, а потоа следува „Ајс квартет“. Втората вечер ќе настапат „Соул фанкшн“ и Александра Коцевска трио. Фестивалот ќе го затворат Сашо Поповски трио заедно со Кирил Кузманов и Марија џез-квартет. - Влезот е слободен за сите вечери. Ги покануваме љубителите на џезот да уживаат и да го проследат фестивалот, изјави уметничкиот директор Филип Стевановски. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и општина Куманово. ам/сст/

Остани поврзан