Во Куманово акција „Генералка викенд“
- Ученици, граѓани, претставници од локалната власт и екипи на „Чистота и Зеленило“ со механизација чистеа на локација кај градскиот базен, спортската сала во рамки на „Генералка викенд“. Куманово учествува по петти пат во акцијата.
Куманово, 9 мај 2025 (МИА) - Ученици, граѓани, претставници од локалната власт и екипи на „Чистота и Зеленило“ со механизација чистеа на локација кај градскиот базен, спортската сала во рамки на „Генералка викенд“. Куманово учествува по петти пат во акцијата.
Според надлежните, освен оваа официјална акција и самите граѓани од поголемите станбени единици, самоиницијативно чистат пред комплексите.

- Многу не радуваат вакви акции. Особено задоволство е што младите учествуваат, а уште повеќе што самоиницијативно се вклучуваат и граѓани. Самите организираат чистење околу станбените единици ги уредуваат квартовите. Секако тука се и професионалците од „Чистота и Зеленило“ без чија помош не може да се спроведе акцијата, изјави претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска.
Целта на еколошката акција е подигање на јавната свест кај граѓаните за потребата од собирање и рециклирање на отпад. Од „Чистота и Зеленило“ информираа дека на претходните акции им биле поделени садови за смет кои биле вандализирани од поединци.

- Важно е да се подигне свеста кај сите, радува што младите имаа зајакната свет. Остануваат поединци кои вандализираат, но и пораката е и инспекцијата да казнува. Секогаш сме тука за секоја акција која потекнува од граѓани, здруженија, па дури и поеднци, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Ненад Стојановски.
Самите општини ги одредуваат локациите за чистење. Волонтерска акција од граѓаните за граѓаните создадена од „Мен енд Маунтен“ поддржана и од ЗЕЛС, Црвен крст и Министерство за животна средина и бројни општествено одговорни компании. ам/цр
Фото: МИА и општина Куманово