• четврток, 26 декември 2024

Во Крушево 4,8 милиони за проекти на граѓаните и 114 милиони денари за капитални инвестиции

Во Крушево 4,8 милиони за проекти на граѓаните и 114 милиони денари за капитални инвестиции
Крушево, 27 април 2022 (МИА) - Годинава во Крушево ќе се реализираат 4,8 милиони денари за предложените проекти на граѓаните, а се предвидени 114 милиони денари за капитални инвестиции. Општината покажува високо ниво на соработка и консултација при креирањето и реализацијата на буџетот. Ова е заклучокот од вчерашниот настан „Буџет по мерка“ што се однесува на партиципативното буџетирање. Проектот за партиципативно буџетирање се имплементра од „Фајненс тинк“ во соработка со општина Крушево. Според анализата „Бруф за политиките: Партиципативно буџетирање во рурални населени места во општина Крушево“, граѓаните предложиле 101 проект. Најголем дел од нив се однесуваат на градбата и урбанизмот и на комуналните дејности. Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, Општината имала многу консултации со граѓаните за да се реализираат нивните потреби. - Најголемите проекти на општината се проекти кои како приоритет произлегоа од граѓаните, односно од различни видови консултации. Меѓу нив се и: реконструкцијата на спортската сала и нејзино опремување, како едно од најголемите барања на младите. Регионалниот пат стопанство – Алданци – Норово беше долгогодишно, ако не и децениско барање од жителите на овие две населени места. Изградба на резервоари во Борино и во Пресил, изградба на пат до Крушевско Езеро како барање на угостителскиот сектор и организаторите на фестивали, рече Христоски. ем/цр  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан