• среда, 25 декември 2024

Во Кривичен пресуда за Трезор

Во Кривичен пресуда за Трезор

Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) - Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Ова ќе биде втора пресуда за случајот откако Апелациониот суд Скопје ги прифати жалбите на обвинетите и во 2022 година ја укина првостепената пресуда која беше донесена во 2021 година.

Случајот го води судијата Имране Селмани.

Со првичната пресуда, за повеќе ставови од „злоупотреба на службената положба и овластување“ беа осудени поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, кој доби единствена казна затвор во траење од осум години, а поранешниот началник на Петтата управа во Министерството за внатрешни работи, Горан Грујевски, на кој му се судеше во бегство, беше осуден на единствена казна затвор во траење од 15 години.

Поранешниот помошник-министер во Министерството за внатрешни работи, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, добија затворски казни од по 5 години. ар/аа/

Фото:МИА архива

Остани поврзан