Во Крива Паланкa утре второ прскање од земја против комарци
- Вечерва по полноќ, се до раните утрински часови до 5 часот наутро Општина Крива Паланка ќе го спроведе второто терестичко прскање против комарци на територија на општината. Од службата за комуникација со јавност при општината информираат дека на ден 16 јули 2025, среда, во периодот од 00:00 часот до 5:00 часот ќе се врши терестична дезинсекција за заштита од комарци.

Крива Паланка, 14 јули 2025 (МИА) - Вечерва по полноќ, се до раните утрински часови до 5 часот наутро Општина Крива Паланка ќе го спроведе второто терестичко прскање против комарци на територија на општината.
Од службата за комуникација со јавност при општината информираат дека на ден 16 јули 2025, среда, во периодот од 00:00 часот до 5:00 часот ќе се врши терестична дезинсекција за заштита од комарци.
-Се известуваат граѓаните да избегнуваат задржување на отворено во периодот на вршење на дезинсекција, а пчеларите во времето на дезинсекција и 3-4 часа подоцна да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средството со кое се врши дезинсекција врз безбедноста на пчелните семејства, информираат од локалната самоуправа на општината.
Во случај на врнежи дезинсекцијата ќе биде одложена за наредните денови кога временските услови ќе бидат поволни.
Првото прскање за заштита од комарци во Крива Паланка се спроведе на 4 јули годинава. ид/сст/
Фото МИА архива