• среда, 25 декември 2024

Во Крива Паланка ќе се спроведе програмата Ромактед на ЕУ

Во Крива Паланка ќе се спроведе програмата Ромактед на ЕУ
Крива Паланка, 5 март 2020 (МИА) – Крива Паланка е една од општините во Република С. Македонија во која ќе се спроведува програмата Ромактед (ROMACTED) на Европската унија и Советот на Европа. -Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, оствари средба со проектниот менаџер на програмата Ромактед, Маркос Андраде, со проектните раководители и претставници на Асоцијацијата за демократски развој на Роми „Сонце“ од Тетово, како и претставници од општинската администрација на која беше презентирана оваа програма. На состанокот се разговараше и за актуелната состојба на Ромите во општината, како и секојдневните проблеми со кои се соочуваат Ромите, со акцент на изнаоѓање начини за нивно решавање, информираат од службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка. Ромактед програмата е финансирана од Европската унија и Советот на Европа, А има за цел промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво.ид/ир

Остани поврзан