Во Крива Паланка собрани 98 единици крв
- На денешната крводарителска акција што се одржа во просториите на Општинската организација на Црвен крст-Крива Паланка собрани се вкупно 98 единици крв. Ова е втора акција месецов и шеста годинава што се реализира на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце во соработка со институтот за трансфузиона медицина, Скопје.
Крива Паланка, 29 април 2025 (МИА) - На денешната крводарителска акција што се одржа во просториите на Општинската организација на Црвен крст-Крива Паланка собрани се вкупно 98 единици крв. Ова е втора акција месецов и шеста годинава што се реализира на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце во соработка со институтот за трансфузиона медицина, Скопје.
-Нашите сограѓани денеска уште еднаш ги покажаа својата хуманост и солидарност, одзиваји се во толку голем број на акцијата за дарување крв. Драго ми е што и денес имавме повеќе крводарители што за првпат даруваат крв, пред сѐ млади дарители, што значи дека меѓу младите и тоа како е висока свеста за хуманост и продонес кон спасување нечиј живот, рече Маја Илиевска, вршител на должноста секретар на ООН Црвен крст-Крива Паланка.
Првата акција во април се одржа на 11- ти, во Општина Ранковце, кадешто беа собрани 22 едници, што значи месецов се собрани 120, а од почетокот на 2025 на шест крводарителски акции во организација на ОО Црвен Крст Крива Паланка собрани се вкупно 403 единици крв. сст/
Фото Црвен крст Крива Паланка