Во крводарителска акција во Крива Паланка собрани 112 единици крв
- Општинската организација на Црвен Крст Крива Паланка денеска реализираше една од најуспешните акции за крводарување во второто полугодие од годинава
Крива Паланка, 30 ноември 2023 (МИА) - Општинската организација на Црвениот Крст од Крива Паланка денеска реализираше една од најуспешните акции за крводарување во второто полугодие од годинава.
- На акцијата наменета за средношколците со навршени осумнаесет години од средното општинско училиште "Ѓорче Петров" од градот и за граѓанството, собрани се вкупно 112 единици крв, информира Дарко Пешовски, секретар на Црвениот Крст на РС Македонија, Општинска организација Крива Паланка.
Според него, оваа е една од помасовните акции реализирани годинава, претпоследна за годинава согласно планот за крводарувања.
До крајот на годината ќе се спроведе уште една крводарителска акција во Крива Паланка во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, Скопје. ид/бак/
Фото: МИА