• среда, 04 декември 2024

Во Крива Паланка одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Во Крива Паланка одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Крива Паланка, 3 декември 2024 (МИА) - Со подарок и достава на гардероба обезбедена со нововедената програмска мерка за поддршка на лица од ранливи категории, денеска во Општина Крива Паланка беше одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост - 3 Декември.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, директорката на Меѓуопштински центар за социјална работа Крива Паланка и социјални работници и административци денеска ги посетија корисниците од Дневниот центар, Одделение за престој на лица со интелектуална и телесна попреченост во Крива Паланка, доставија подарок согласно барањата и потребите од корисниците, а подоцна сите заминаа и на традиционален заеднички ручек во организација на Општина Крива Паланка.

-Срдечните лица, искрени насмевки и радосни срца ми ја исполнија душата при денешната традиционална дружба со корисниците од Дневниот центар во градот по повод 3 Декември.Токму овој ден, покрај стандардните подароци им донесе уште една нова радост, им ја доделивме гардеробата набавена согласно новата, за првпат воведена, програмска мерка насочена директно кон поддршка на оваа ранлива категорија лица. Мерката опфати доделување ваучери за купување гардероба во вредност од 8000 денари, а мерката произлезе од дијалогот и разговорите, барањата и потребите на корисниците и нивните семејства, како и згрижувачките семејства, рече Митовски.

Ваучерите се доделени на корисници од Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост, како и лица од згрижувачки семејства, евидентирани во Меѓуопштински центар за социјална работа Крива Паланка, а постапката ја спроведе Општинската организација на Црвен Крст Крива Паланка. ид/дма/

Фото:МИА 

 

 

Остани поврзан