• понеделник, 23 декември 2024

Во Крива Паланка започна 17. фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Во Крива Паланка започна 17. фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Крива Паланка, 24 август 2022 (МИА) - Во Крива Паланка започна 17. Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ до петок ќе се одржува во центарот на градот со настапи на фолклорни друштва и ансамбли од Турција, Хрватска, Србија, Бугарија и од Република Северна Македонија, од градовите Битола, Делчево и Скопје.

Првата фестивалска вечер не започна со традиционалното свечено дефиле низ градот поради врнежите од дожд, но комплетно се исполни главната програма што беше отворена со официјално обраќање на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

Тој истакна дека фолклорот е медиум кој ја пресоздава народната песна, традиција и бит во денешното, ново време.
-Фолкорот е гласот на минатото, на нашите предци во модерниот општествен свет и не потсетува дека корените се таму, во традицијата и фолклорот. Фолклорот е јазик на минатото врз кој е изградена денешнината и токму затоа, го негуваме со фолклорната уникатност и препознатливост на нашиот народ. Меѓународниот фолклорен фестивал св.Јоаким Осоговски, Крива Паланка, опстојува 17 години и прави мост меѓу минатото и сегашноста, но и мост меѓу народите. На мое задоволство и на задоволство на сите наши сограѓани, и годинава Крива Паланка го одржува континуитетот на фестивалот- препознатлив белег на културната мапа на градот, државата и регионот. И годинава сме домаќини на друштва и ансамбли од Турција, Хрватска, Бугарија, Србија, но ја гаиме и претставуваме македонскта традиција и фолклор во трите фестивалски вечери, рече Митовски.
Фестивалот го отворија КУД „8 Октомври“, како домаќини на фестивалот од НУ „Центар за култура Крива Паланка“, кои заедно со Општина Крива Паланка, под покровителство на Минситерството за култура на Република Северна Македонија го организираат фестивалот по седумнаесетти пат.
На втората фестивалска вечер на програмата се исто така повеќе друштва од земјите -учеснички, а на 26 август, целовечерен концерт ќе одржи „Ансамбл Македонија“:
Фолклорниот фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ е дел од програмата на „Кривопаланчеко културно лето 2022“. свс/нд/

Остани поврзан