• вторник, 20 август 2024

Во крводарителска акција во Градско собрани 50 крвни единици

Во крводарителска акција во Градско собрани 50 крвни единици

Велес, 10 август 2024 (МИА) - Во денешната акција за доброволно дарување на крв во Градско се собрани 50 крвни единици. Акцијата  ја организираше Општинскиот Црвен крст Велес во соработка со месната организација од Градско и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Орце Николов секретар на ООЦК Велес за МИА, оцени дека акцијата била со одличен одѕив, што се должи на хуманоста на крводарителите од Градско и околните населени места во општината. Меѓу крводарителите денеска четворица за првпат дарувале крв и влегле во Друштвото на хуманите.

Инаку оваа е втора акција за крводарување годинава во Градско. Во првата во април беа собрани 73 крвни единици.ад/вј/

Фото: Општински Црвен крст Велес

 

Остани поврзан