Во крводарителска акција во Велес собрани 158 крвни единици
- Во денешната акција за доброволно дарување крв по повод ослободувањето на Велес - 9 ноември, за седум часа беа собрани 158 крвни единици. Меѓу крводарителите имаше 122 мажи и 36 жени, а петми
Велес, 6 ноември 2022 (МИА) - Во денешната акција за доброволно дарување крв по повод ослободувањето на Велес - 9 ноември, за седум часа беа собрани 158 крвни единици. Меѓу крводарителите имаше 122 мажи и 36 жени, а петмина првпат даруваа крв.
Акцијата, која е 15 по ред, ја организираше Мото клубот „Носачи на крстот“ во соработка со велешката Општинска организација на Црвениот крст и Општина Велес.
Претставникот на велешкиот Црвен крст, Орце Николов во изјава за МИА оцени дека денешната акција е една од поуспешните овогодишни крводарителски акции меѓу граѓаните на Велес.
- Како и многупати на ваквите бројни акции и денеска велешани во голем број се вклучија и дадоа свој придонес за успешна акција, а со тоа докажаа дека во изминатите години и се уште се на врвот на најхуманите во земјава, потенцира Николов.
При крводарителската акција на велешките моторџии од „Носачи на крстот“ одржана на 10 ноември 2021 година беа собрани 173 крвни единици, а во пролетната 171 крвна единица. вд/сп/