• понеделник, 23 декември 2024

Во Кратово прв „Новогодишен базар"

Во Кратово прв „Новогодишен базар

Крива Паланка, 30 декември 2023 (МИА) - Уникатни рачни изработки, добра музика и богата гурманска трпеза ќе понуди првиот новогодишен базар што денес напладне ќе биде отворен на платото пред Домот на култура „Лазар Софијанов" во Кратово.

-Повелете и придружете ни се на првиот „Новогодишен базар" кадешто секој агол ќе биде исполнет со празнична магија. Вкусете го духот на кратовската гурманска традиција и изненадете ги своите најблиски со уникатни, рачно изработени подароци додека уживате во прекрасна музика. На Новогодишниот базар кој претставува модерна средина за купување и забава, симбол на божиќниот дух ќе има празнично изненадување за секој. Ве покануваме сите заедно да ја започнеме новата година насмеани, весели и разиграни, повикуваат од локалната самоуправа на Општина Кратово.

Програмата е богата и разновидна, со настап на македонски музичари, вешти декоратери и угостители.

-„Кокиче" ќе понуди уникатни декорации, „Дама chocolate art", неодоливи чоколадни задоволства, „Дрварчето“ природни изработки од дрво, декорации од балони, топли пијалоци, гурмански специјалитети од угостителите од средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски ", Кратово, плетени играчки, минијатурни македонски содржи од Елена Доленц, сѐ тоа придружено со добра музика, додаваат од општината и ги повикуваат сите граѓани од државата да си приредат себеси и на најблиските едно поинакво,уникатно и автентично искуство во пресрет на новата година. ид/

 

Остани поврзан