• четврток, 26 декември 2024

Во краткотраен прекин багерот за јаглен на најдолната точка во „Суводол“

Во краткотраен прекин багерот за јаглен на најдолната точка во „Суводол“
Скопје, 17 септември 2022 (МИА) - Багерот 630/2 кој врши ископ на јаглен на најдолната точка во Рудникот ПЈС Суводол во РЕК Битола од попладнево е во краткотраен прекин заради обилните врнежи од дожд што го зафатија рудникот, соопшти АД ЕСМ. Багерот 630/2 е на најниската точка во ПЈС Суводол, бидејќи ги ископува последните количини јаглен во тој дел од рудникот, по што ќе биде преместен на друга локација согласно планот за работа. Водата од собирникот што се наоѓа во непосредна близина на багерот, направен специјално за вакви ситуации, се исцрпува со пумпи и багерската единица за неколку денови ќе биде повторно во функција. -Потенцираме дека багерската единица 630/2 е една од четирите багерски единици кои во моментов работат во ПЈС Суводол на ископ на јаглен. Останатите три единици работат без проблем и ги обезбедуваат потребните количини на јаглен за производство на електрична енергија. Исто така, на депонијата за јаглен во РЕК Битола има сосема доволни количини јаглен за непречено производство на струја, наведува АД ЕСМ. Компанијата ќе продолжи да информира тековно за сите состојби со оглед дека земјава, како што нагласува, се наоѓа во енергетска криза и вниманието на целата македонска јавност е свртено кон производствените капацитети на АД ЕСМ. мч/цр

Остани поврзан