• понеделник, 17 март 2025

Пред Клиничката болница во Штип мирно

Пред Клиничката болница во Штип мирно

Штип, 16 март 2025 (МИА) - Од пред Клиничката болница во Штип роднините на повредените во пожарот во Кочани полека си заминуваат. Во Клиничката болница во моментов се хоспитализирани 39 лица кои се повредени во пожарот. Седум лица биле донесени починати од кои четворица се идентификувани

- Во Клиничката болница во Штип донесени се седум деца без знаци на живот. Во моментот тече процесот на идентификација, досега четири тела на починатите се идентификувани од полицијата. И сега во моментот на тие што се идентификувани, се одвива потврдување од семејствата, изјави директорот на болницата во Штип, Влатко Захариев.

Од 03:30 до 05:00 часот во штипската Клиничка болница биле донесени 80 пациенти и на сите им била направена тријажа.

- Донесовме одлука првин да ги праќаме тие пациенти што се со полесна клиничка слика, додека тие што ги пративме во клиниките во Скопје се пациенти кои беа покритични во моментот. По нивната стабилизација во консултација и координација со клиниките во Скопје со помош заедно на заменик министерот ги упативме во Државната болница, во ГОБ „8 септември“ и Градската општа болница, изјави Захариев.

Захариев се заблагодари на болниците во Струмица, Кочани и Пробиштип и сите здравствени институции кои излегле во пресрет со испраќање на екипи и санитетски возила. вдј/вг/

Фото: МИА

Остани поврзан