Во Кисела Вода поставено ново спомен-обележје на Цветан Димов
- На локацијата спроти општинската зграда во Кисела Вода, денеска свечено беше поставена новата биста на народниот херој Цветан Димов. Со овој чин, Општина Кисела Вода оддаде достојна почит кон ликот и делото на херојот, а историската меморија доби нов и видлив простор во јавниот живот на заедницата.
Скопје, 11 август 2025 (МИА) – На локацијата спроти општинската зграда во Кисела Вода, денеска свечено беше поставена новата биста на народниот херој Цветан Димов. Со овој чин, Општина Кисела Вода оддаде достојна почит кон ликот и делото на херојот, а историската меморија доби нов и видлив простор во јавниот живот на заедницата.
Како што соопшти Општина Кисела Вода, претходното спомен-обележје кое се наоѓаше во рамките на урбаната заедница што го носи неговото име, со години беше во запуштена состојба поради негрижа и оштетувања. По бројни барања од граѓаните, Општината изработи и постави нова биста, со што се исправи оваа неправда и се создаде место за сеќавање и почитување на историјата.

– Нашите херои не се само имиња во учебниците, тие се сведоци на историјата, втемелени во нашата слобода и иднина. Со новата биста на Цветан Димов, поставена на ова видно место, соодветно оддаваме почит кон неговата жртва, но и создававме услови многу повеќе луѓе, особено младите, да ја запознаат неговата приказна. Историјата е најсилна кога е пред очите на граѓаните, а нашата задача е да ја зачуваме и пренесеме на генерациите што доаѓаат, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. дма/
Фото: Општина Кисела Вода