• среда, 27 ноември 2024

Во Кина уапсени 234 лица осомниечни за банкарска измама

Во Кина уапсени 234 лица осомниечни за банкарска измама
Пекинг, 29 август 2022 (МИА) - Властите во централна Кина уапсиле 234 лица вмешани во измама, преку која се изнудувале пари од заштеди на луѓе, со лажно ветување за високи каматни стапки на депозитите во рурални банки. Скандалот привлече национално внимание, кога штедачите кои бараа одговори за тоа каде се нивните пари беа спречени да отпатуваат Женгжу, главниот град на провинцијата Хенан, и тоа на начин што здравствениот статус на нивните апликации за коронавирусот наеднаш се променил во црвено, што значи забрана за патување. Одреден број клинети соопштија дека биле испрашувани и добивале закани од полицијата. Во друг обид штедачите да добијат одговор, биле спречени од група непознати мажи во бели кошули кои ги нападнале додека полицијата стоела настрана и набљудувала. Градските власти на Сјучанг денеска соопштија дека наводниот предводник на измамата Лу Џивеи и негови соработници ја презеле контролата врз четири окружни банки и ги намамиле штедачите со ветувања за каматни стапки до 18 отсто годишно. „Властите за јавна безбедност во моментов приведоа голем број осомничени за кривични дела, од кои 234 се уапсени“, се вели во соопштението. Соопштено е дека голем дел од украдените пари се вратени, како и дека истрагата и постапувањата по случајот се спроведуваат детално и согласно законот. Не се споменува поврзаност на осомничените со локалните власти или полицијата. аб/

Остани поврзан