• вторник, 24 декември 2024

Во Канада околу 500 починати поради екстремно високи температури

Во Канада околу 500 починати поради екстремно високи температури
Ванкувер, 3 јули 2021 (МИА) - Властите во провинцијата Британска Колумбија во западна Канада објавија зголемување на бројот на ненадејни смртни случаи поврзани со екстремно високи температури, наведувајќи дека речиси 500 луѓе починале како резултат на топлотниот бран. Властите предупредија дека бројот на починати од горештините може да продолжи да расте. Здравствените служби порачуваат дека ќе поминат неколку месеци пред да се утврди со сигурност што предизвикало такво зголемување на бројот на ненадејни смртни случаи, но предупредуваат дека топлото време е несомнено една од причините, особено кај постарата популација. Надлежните во здравствените служби се соочија со критики за несоодветно реагирање на вонредната состојба, а началникот на службата за итни случаи им се извини на граѓаните кои морале да чекаат подолго за да пристигнат амбулантни возила. Високите температури предизвикаа и шумски пожари во кои загинаа најмалку две лица, а селото Лајтон беше целосно изгорено. Заклучно со синоќа, во Британска Колумбија се пријавени 136 шумски пожари, од кои девет предизвикуваат сериозна загриженост, потврдија надлежните противпожарни служби. паг/

Остани поврзан