• вторник, 27 август 2024

Во Кавадарци хуманитарна театарска претстава „Не се клади на Енглези“

Во Кавадарци хуманитарна театарска претстава „Не се клади на Енглези“

Кавадарци, 18 октомври 2023 (МИА) - „Не се клади на Енглези“ е театарската претстава што вечер, во 20 часот, ќе биде хуманитарно одиграна во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци. 

- Оваа претстава ќе биде за нашиот колега и пријател Диме Коцевски. Со ова сакаме да му изразиме голема поддршка за што побрзо заздравување и враќање онаму каде што е најпотребен, на штиците што живот значат, информираа од Домот на културата.  

Од културниот дом што годинава одбележа 70 години постоење, потсетија дека во рамките на театарот при Домот на културата, започна да функционира детско - младинска драмска група „Шекспир“, што ќе работи со две групи, основци и средношколци. свд/мд/

Фото : Дом на култура Кавадарци 

Остани поврзан