• вторник, 24 декември 2024

Во Кавадарци средба со грчки претставници околу заеднички проекти за прекугранична соработка 

Во Кавадарци средба со грчки претставници околу заеднички проекти за прекугранична соработка 

Кавадарци, 9 јануари 2024 (МИА) - Македонски, грчки и италијански претставници денеска се сретнаа во Кавадарци, се разговараше за приоритетите што можат да бидат дел од проекти за прекугранична соработка. 

- Денес градоначалникот Митко Јанчев имаше работен состанок со градоначалникот на општина Пеонија, Република Грција, Христос Гунденудис, како и со претставници од италијанската стопанска комора. На состанокот се дискутираше за заедничкото аплицирање по актуелниот повик на ИПА- програмата за погранична соработка со Република Грција, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Секретарот на Општината, Тодор Ефремов појасни за МИА дека целта е да се оствари првична комуникација со партнерите, во врска со првиот повик од оваа програма, која располага со околу 18 милиони евра за поддршка на проекти. 

- Дел од средствата се предвидени за граничниот премин Маркова нога на македонско - грчката граница. Останатите финансии ќе се доделуваат на јавни субјекти и граѓански организации на конкурентска основа, по јавен повик за проекти од повеќе области, најмногу за решавање на проблеми со аерозагадување и развој на туризам, нагласи Ефремов. 

Тој додаде дека секој субјект ќе може да учествува со по максимум пет различни проекти, а Општина Кавадарци веќе е во фаза на изработка на проектни идеи. свд/


Фото : Фејсбук на градоначалникот  Јанчев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан