• понеделник, 16 декември 2024

Во Кавадарци промовирана книгата за деца ,,Случувањата во Самовил“ од  Симона Ѓорѓиева 

Во Кавадарци промовирана книгата за деца ,,Случувањата во Самовил“ од  Симона Ѓорѓиева 

Кавадарци, 2 октомври 2024 (МИА) - ,,Случувањата во Самовил“ е насловена книгата за деца од  Симона Ѓорѓиева, што беше промовирана вечерва во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци. Издавач на книгата е ,,Дата Песнопој" од Битола. 

Директорката на културниот дом, Јулијана Туриманџова рече дека Симона Ѓорѓиева е млада, амбициозна авторка од Кавадарци. 

- Мотивите во нејзината книга се многу интересни случувања, големи желби, огромна љубов, вистински вредности, важни правила, пријателства, храбри одлуки, добри намери, упорност и милион насмевки. Ете тоа е местото Самовил. Светот на самовилите, вели самата авторка, додаде Туриманџова. 

Пред присутните се обрати и актерот Диме Коцевски, а актерот Видан Станоев читаше од книгата.

Авторката, меѓу другото, нагласи дека преку оваа книга, децата, се учат на вредностите во животот. Да бидат свои, храбри и упорни, да го негуваат другарството и секому да подаваат пријателска рака. Да имаат желби што ќе ги водат низ животот. свд/дма/


Фото : МИА

Остани поврзан