• сабота, 21 декември 2024

Во Кавадарци повик за формирање партиципативно тело консултант при донесување урбанистички планови 

Во Кавадарци повик за формирање партиципативно тело консултант при донесување урбанистички планови 

Кавадарци, 26 јануари 2024 (МИА) - Врз основа на Законот за урбанистичко планирање, градоначалникот на Општина Кавадарци, објавува јавен оглас за формирање на партиципативно тело консултант при донесување урбанистички планови, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. Целта е, како што соопштија, обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање. Јавниот оглас ќе трае до 23 февруари. 

- Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање на иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапка за изработување и донесување на плановите, ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија, појаснија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму додадоа дека партиципативното тело има консултативна улога, a учеството на лицата членови во ова тело, е на доброволна основа. свд/дма/


Фото : МИА архива 

Остани поврзан