• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Кавадарци изложба на првоаприлски маски со хуманитарен карактер 

Во Кавадарци изложба на првоаприлски маски со хуманитарен карактер 

Кавадарци, 1 април 2025 (МИА) - Изложба на првоаприлски цртежи маски со хуманитарен карактер беше отворена денеска во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци, во соработка со основните училишта, локалната самоуправа и Друштвото на ликовни уметници од овој град. 

- Всушност стануваше збор за ликовен конкурс. Цртежите маски ги изработија ученици од основните училишта. Ликовните педагози работеа со своите ученици и овде навистина гледаме изработки, кои се прекрасно направени од вредните детски раце. Сите дела се добри, но сепак ние одлучивме да доделиме по една прва, втора и трета награда за поединечно учество на овој конкурс и прва, втора и трета награда за групна маска, рече Јулијана Туриманџова, директорка на Домот на културата.

Изложбата е од продажен и има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат донирани за лекување на млада кавадарчанка во Мексико. свд/мд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан