• сабота, 23 ноември 2024

Во Кавадарци изградба и реконструкција на системот за улично осветлување 

Во Кавадарци изградба и реконструкција на системот за улично осветлување 

Кавадарци, 7 октомври 2024 (МИА) - Во тек е реализација на договор за изградба и реконструкција  на системот за улично осветлување во општина Кавадарци, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на прес - конференција. 

 - Вредноста на договорот е 64 990 000 денари кои се обезбедени од буџетот за 2025, 2026 и 2027 година. Изведувач на работите е фирмата Елмонд електро Скопје. Рок на завршување на работите е 180 дена, соопшти градоначалникот. 

Тој појасни дека системот за улично осветлување во општина Кавадарци го опфаќа градот, 25 села и повеќе викенд населби како таа кај Тиквешко езеро, Моклиште. 

Јанчев додаде дека истовремено, се започна со реализација на проширување на постоечка надземна мрежа за улично осветлување. Вредноста на договорот е 900 000 денари, а изведувач е фирмата Код инженеринг Скопје. свд/дма/


Фото: МИА 

Остани поврзан