Во Кавадарци изгласана програмата за ,,Свети Трифун''
- Советот на Општина Кавадарци денеска ја изгласа програмата за одбележување на празникот ,,Свети Трифун", што се смета за заштитник на лозарите и винарите.

Кавадарци, 7 февруари 2025 (МИА) - Советот на Општина Кавадарци денеска ја изгласа програмата за одбележување на празникот ,,Свети Трифун", што се смета за заштитник на лозарите и винарите.
- Општина Кавадарци и годинава со културно - музичка програмa во соработка со културните институции, што ќе трае од 11 до 14 февруари, збогатена со одлична музика и добро вино, ќе го одбележи празникот во чест на денот на виното, чувар на лозјата и заштитник на лозарите. На агендата се промоција и дегустација на домашно вино, ракија, маџун и гроздов сок, закуска за сите посетители и појадок приготвен по традиционален кавадаречки рецепт, беше кажано на седницата.
На програмата се изложба на дела на тема ,,Вино и традиција", дегустација на вино и чај во декоративни куќарки, традиционалното закројување на винова лоза и многу други настани. свд/са/
Фото: програма за ,,Свети Трифун" во Кавадарци