• среда, 27 ноември 2024

Во Кавадаречко викендички се преадаптираат во сместувачки капацитети за туристи

Во Кавадаречко викендички се преадаптираат во сместувачки капацитети за туристи

Кавадарци, 11 ноември 2023 (МИА) – Викендички во кавадаречко се преадаптираат во сместувачки капацитети за престој на туристи, оваа информација денеска ја потврди за МИА, Крсте Соколов, раководител на секторот за туризам при Општина Кавадарци.

- Расте интересот за сместувачки капацитети во Тиквешкиот регион како најголем лозаровинарски регион во државата. Се преадаптираат викендички во околината на градот, крај Тиквешко Езеро но и во подножјето на планината Кожуф, во руралните средини од кавадаречката територија. Етно куќи во кои досега уживале само сопствениците и нивни блиски, полека стануваат достапни за посетители од земјава и странство, појасни Соколов.

Тој додаде дека причина за ваквото нешто, меѓу другото, е и фактот што се повеќе луѓе се свртуваат кон природата и чистата и здрава животна средина, па зголемен е интересот за сместувачки капацитети во општината Кавадарци, која, според него, засега, стандардно располага со околу 200 кревети за посетители.

Соколов посочи дека малите семејни винарии кои бележат развој во Тиквешко, покрај доброто вино, во втора фаза од сопствениот развој пристапуваат кон адаптација на сопствениот простор и за сместувачки капацитети.

- На тој начин тие на винските туристи освен презентација на сопствените вина и нивна дегустација, им нудат и сместување, или комплетна туристичка понуда, нагласи Соколов. свд/ир

Фото: МИА архива

Остани поврзан