• недела, 15 декември 2024

Во Кабул убиен талибанскиот министер за бегалци Калил Хакани

Во Кабул убиен талибанскиот министер за бегалци Калил Хакани

Исламабад, 11 декември 2024 (МИА) – Талибанскиот министер за бегалци, Калил Хакани, е убиен денеска во самоубиствен напад во главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Експлозијата се случила во внатрешноста на министерството и притоа Хакани беше убиен, соопштија официјални лица.

Тој е најпознатата жртва на насилството во Авганистан откако талибанците се вратија на власт пред три години.

Се уште никој не ја презел одговорноста за експлозијата.

Калил Хакани е вујко на Сираџудин Хакани, вршител на должноста министер за внатрешни работи во талибанската влада. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан