• понеделник, 23 декември 2024

Во Кабул поставени 400 нови звучници за поттикнување на молитвата

Во Кабул поставени 400 нови звучници за поттикнување на молитвата
Кабул, 23 ноември 2022 (МИА) - Четиристотини нови звучници се поставени во авганистанскиот главен град Кабул во обид да се охрабрат верниците да присуствуваат на молитвите, јавија денеска западни медиуми, повикувајќи се на информации од талибанската влада. „За време на претходната управа, звучниците беа отстранети и жителите не можеа да го слушнат повикот за молитва за муслиманите“, објави на Твитер Министерството за промоција на доблест и спречување на пороците. Во соопштението се наведува дека 400 звучници се поставени во различни области на Кабул за „луѓето да можат да го слушаат повикот за молитва во исто време“. Министерството, исто така, објави дека стотици празни продавници и други напуштени простории биле претворени во џамии за жителите да можат да се молат заедно. На почетокот на месецот, врховниот талибански водач Хаибатула Ахунџада им нареди на судиите да ги применат сите одредби од шеријатот (исламскиот закон), кои вклучуваат јавни егзекуции, каменување и ампутации поради кражба. Локалните медиуми денеска објавија дека Министерството за промоција на доблест и спречување на пороците наредило продавниците во некои населби на главниот град да останат затворени за време на најважната неделна молитва во петок. паг/

Остани поврзан