Во Италија тројно зголемена стапката на смртност од срцев удар
- Во Италија стапката на смртност од срцев удар се зголеми за трипати од 4,1 на 13,7 проценти, како резултат на епидемијата на вирусот Ковид-19, кој ги преполни болниците во земјата.

Џенова, 9 мај 2020 (МИА) - Во Италија стапката на смртност од срцев удар се зголеми за трипати од 4,1 на 13,7 проценти, како резултат на епидемијата на вирусот Ковид-19, кој ги преполни болниците во земјата.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, тоа е утврдено врз основа на споредување на податоците од 12 до 19 март во однос на истиот период лани.
Поради страв од вирусот одложени се и интервенциите во 39 отсто од случаите.
Италија е една од земјите најтешко погодени од новиот коронавирус, со повеќе од 30.000 жртви. паг/