• петок, 05 декември 2025

Во Италија се урна хеликоптер, пожарникарите извлекоа тројца преживеани

Во Италија се урна хеликоптер, пожарникарите извлекоа тројца преживеани

Рим, 4 декември 2025 (МИА) - Неколку патници се повредени во хеликоптерска несреќа што се случи утрово во Италија, во областа Ла Преса во општината Ланзада, во покраината Сондрио.

На местото на настанот се испратени бројни спасувачки екипи, вклучувајќи екипи од Планинската служба за спасување, пожарникари и персонал за итна медицинска помош.

Според противпожарната служба, тројца патници, вклучувајќи го и пилотот, се извлечени живи и предадени на персоналот за итна медицинска помош.

„Операциите за извлекување сè уште се во тек бидејќи ударот се случил на непристапно место, на стрмен терен, на страната „Вештачка галерија“ од долината Валмаленко во Валтелина, на границата со Швајцарија“, изјавија пожарникарите.

Станува збор за хеликоптер во сопственост на приватна компанија, а леталото било вклучено во санацијата на свлечиштето што се случи на 11 ноември.Сомневањата се дека хеликоптерот удрил во карпа пред да се случи несреќата. сд/јт/

фото: Х

Остани поврзан