• петок, 05 декември 2025

Во Италија, платите на фудбалерите ќе бидат намалени за 25% ако испаднат во Серија Б

Во Италија, платите на фудбалерите ќе бидат намалени за 25% ако испаднат во Серија Б

Рим, 6 август 2025 (МИА) - Во Италија, платите на фудбалерите автоматски ќе бидат намалени за 25% ако испаднат во Серија Б.

Соодветната клаузула е вклучена во новиот 5-годишен колективен договор помеѓу Италијанската асоцијација на фудбалери (AIC) и лигата Серија А.

Иновацијата ќе влијае на договорите потпишани по 2 септември оваа година. 

Сепак, ако клубот и фудбалерот се договорат поинаку, нема да има намалување на основна плата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан