• вторник, 24 декември 2024

Во Италија обврзна зелената пропусница во превозните средства

Во Италија обврзна зелената пропусница во превозните средства

Рим, 1 септември 2021 (МИА) - Во Италија од денеска за граѓаните кои ќе патуваат со брз воз, авион, траект или со меѓународен автобус ќе мора да поседуваат зелена пропусница дека примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19, негативен тест или дека прележале.

Италијанскиот премиер Марио Драги неодамна ја воведе зелената пропусница со цел да ги охрабри граѓаните да се вакцинираат. Но, мерката предизвика протести на кои беше потенцирано дека сертификатот е ограничување на слободата.

Зелената пропусница е обврзна и за вработените во училиштата, а властите минатата недела најавија дека е можно мерката да важи и за сите кои работат во јавните канцеларии и супермаркети.

Во Италија 70,1 отсто од Италијанците постари од 12 години се целосно вакцинирани. ми/

Остани поврзан