Во Истанбул запленети милијарда фалсификувани долари
- Турските безбедносни сили заплениле една милијарда долари фалсификувани пари во Истанбул и уапсиле шест лица вклучени во таа операција, соопшти денеска канцеларијата на гувернерот.

Истанбул, 9 јуни 2023 (МИА) – Турските безбедносни сили заплениле една милијарда долари фалсификувани пари во Истанбул и уапсиле шест лица вклучени во таа операција, соопшти денеска канцеларијата на гувернерот.
Меѓу уапсените има и еден државјанин на Гана и тројца шведски државјани.
Припадници на жандармеријата ги следеле осомничените до магацин во областа Кагитане во Истанбул, каде што ги заплениле лажните банкноти од 100 долари, соопшти канцеларијата. јт/
Фото: МИА архива