• вторник, 24 декември 2024

Во Иран уапсени две актерки „поради поттикнување и поддршка на немирите“

Во Иран уапсени две актерки „поради поттикнување и поддршка на немирите“
Техеран, 21 ноември 2022 (МИА) – Во Иран вчера уапсена е уште една актерка поради јавна поддршка на протестите. Полицијата ја приведе глумицата Катајун Риахи. Претходно, иранската државната новинска агенција јави дека е приведена и актерката Хангамех Газиани поради „поттикнување и поддршка на немири и комуникација со опозициските медиуми“. Риахи и Газиани се уапсени откако се појавија во јавност без марами во знак на солидарност со демонстрантите. Актерките се меѓу бројните истакнати ирански јавни личности кои изразија поддршка на протестите, што почнаа на 16 септември, по смртта на 22-годишната Махса Амини, која почина во притвор. Амини беше уапсена од полицијата за морал поради непочитување на строгите ирански кодекс за облеката на жените. Протестите подоцна се претворија во движење против иранските верски власти. Според податоците на невладините, во задушувањето на тие протести загинале неколку стотици луѓе, додека околу 15.000 се уапсени. Некои од уапсените беа осудени на смрт. ми/
 

Остани поврзан