• среда, 25 декември 2024

Во Иран егзекутирани две лица поради смртоносен напад врз шиитски храм

Во Иран егзекутирани две лица поради смртоносен напад врз шиитски храм

Техеран, 8 јули 2023 (МИА) – Во Иран денеска се обесени двајца мажи за минатогодишниот напад врз шиитско светилиште, при што загинаа најмалку 15 лица. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

На 26 октомври 2022 година милитантите го нападнаа шиитскиот храм во градот Шираз, убивајќи 15 лица, а десетици беа повредени.

Иранските медиуми јавија дека двајцата мажи биле егзекутирани во јужниот град Шираз. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан