Во Иран егзекутирани двајца припадници на Народните муџахедини
- Во Иран денеска се егзекутирани двајца припадници на забранетата опозициска група Народни муџахедини под обвинение дека планирале терористички напади
Техеран, 30 март 2026 (МИА) - Во Иран денеска се егзекутирани двајца припадници на забранетата опозициска група Народни муџахедини под обвинение дека планирале терористички напади.
Властите тврдат дека тие биле „елементи на терористичката група лицемери“, а според активистите за човекови права, тие беа политички затвореници, држени во самица, подложени на тортура, а немаа пристап до адвокат.
Народните муџахедини е формирана во 1981 година за соборување на режимот во Иран. Организацијата е многу контроверзна и во голема мера е отфрлена од опозициските личности и во и надвор од Иран.
Во Иран од почетокот на војната погубени се неколку мажи под обвинение за шпионажа во корист на Израел. Минатата година во Иран се егзекутирани над 2.000 луѓе. ми/јт/
фото: МИА архива