• четврток, 07 ноември 2024

Во Ирак запленети повеќе од шест милиони таблети Каптагон

Во Ирак запленети повеќе од шест милиони таблети Каптагон
Багдад, 1 мај 2022 (МИА) - Ирачките безбедносни сили соопштија дека разбиле две мрежи за шверц на дрога, уапсиле десет лица, меѓу кои пет арапски државјани и заплениле над шест милиони таблети Каптагон. Околу 6,2 милиони таблети Каптагон се откриени и запленети од  складиште во југозападен Багдад. Каптагонот е стимуланс од типот на амфетамин речиси исклучиво произведен и консумиран на Блискиот Исток. ми/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан