• сабота, 21 декември 2024

Во Индонезија заразени со Ковид-19 речиси истовремено 54 новинари

Во Индонезија заразени со Ковид-19 речиси истовремено 54 новинари
 Џакарта, 14 јули 2020 (МИА)  - Педесет и четири новинари од државната радио станица во Индонезија  за кратко време се заразиле со коронавирусот. Тројца од нив починале, јавија локални медиуми, повикувајќи се на информации од Алијансата на независни новинари во Индонезија (АНJ). Според одлуката на раководството на Радио Република Индонезија, на три тестови спроведени кон крајот на јуни и почетокот на јули, биле регистрирани 54 новинари заразени со коронавирусот. Последниот тест бил извршен на 13 јули.  Двајца од оние кои биле тестирани позитивни вчера веќе се хоспитализирани. Според АНJ, заразата кај новинарите е предизвикана од тоа што локалните политичари и големите бизнисмени честопати одржуваат прес-конференции без да ги почитуваат епидемиолошките мерки на безбедност. Уредниците и директорите, наместо да им забрануваат на новинарите да присуствуваат на такви настани, ги поттикнуваат да известуваат од нив. зш/

Остани поврзан