Во Индија пристигна првата серија од пет воени авиони Рафал
- Првата серија од пет воени авиони од француско производство Рафал денеска пристигнаа во индиската воздухопловна база Амбала
Њу Делхи, 29 јули 2020 (МИА) - Првата серија од пет воени авиони од француско производство Рафал денеска пристигнаа во индиската воздухопловна база Амбала.
- Птиците безбедно слетаа во Амбала. Ако некој треба да е загрижен... поради овие нови способности... тоа би требало да бидат оние кои сакаат да го загрозат нашиот терторијален интегритет, напиша на Твитер индискиот министер за одбрана Раџнат Синг.
Воените авиони се дел од договоро вреден 8,78 милијарди долари, што со Франција беше потпишан во 2016 година.
Индија е најголем светски увозник на оружје со оглед на тоа што во тек е модернизација на армијата.
Идниското Министерство за одбрана на 2 јули одобри купување на 21 руски авиони МиГ-21 и 12 Су-30МКИ за 2,43 милијарди долари. ми/