Во израелските напади на Газа најмалку 35.000 деца останале без родител
- Канцеларијата за медиуми на владата во Газа објави извештај со детални информации за последиците од израелските напади кои траат повеќе од 400 дена. Податоците потврдуваат дека Појасот Газа е изложен на вистинска катастрофа.
Газа, 20 ноември 2024 (МИА) - Околу 35.000 деца ги загубија двајцата или еден од своите родители во израелските напади на Појасот Газа кои траат од 7 октомври 2023 година, јавува Анадолија.
Канцеларијата за медиуми на владата во Газа објави извештај со детални информации за последиците од израелските напади кои траат повеќе од 400 дена. Податоците потврдуваат дека Појасот Газа е изложен на вистинска катастрофа.
Во извештајот се наведува дека во 3.838 масакри, извршени од израелската армија во Газа, животот го загубиле 43.972 Палестинци, 11.000 лица се исчезнати под урнатините на зградите, а 104.008 се повредени.
Најмалку 70 отсо од повредените и загинатите во Газа се жени и деца. Меѓу загинатите во израелските напади се 17.492 деца и 11.979 жени.
Се наведува дека во Газа се убиени најмалку 211 бебиња родени по почетокот на израелските напади на 7 октомври 2023 година, а 825 новороденчиња со помалку од една година ги загубиле животите.
Истакнато е дека 35.060 деца ги загубиле двата или барем еден од родителите во Појасот Газа.
Во израелските напади загинале најмалку 1.369 целосни палестински семејства кои се избришани од матичните книги на населението во Газа.
Од почетокот на нападите, најмалку 41 лице починало од глад во Газа, каде Израел ја прекина хуманитарната и медицинската помош.
Најмалку 1.054 здравствени работници ги загубиле животите во нападите врз здравствениот систем и инфраструктурата. Загинале 86 екипи за цивилна заштита, 188 новинари и 706 полицајци и лица задолжени за пружање помош.
Телата на 520 Палестинци се пронајдени во седум масовни гробници откриени во болници во кои претходно упаднала израелската армија.
Во извештајот се наведува дека во Газа се повредени 398 новинари.
Израелската армија нападнала 204 засолништа за раселени Палестинци, а областите кои Израел ги прогласил за „безбедни зони“ опфаќаат само 10 проценти од територијата на Газа.
Во Газа, 3.500 деца се во животна опасност поради глад и неухранетост, а преминот Рафа, кој ја поврзува Газа со надворешниот свет, е затворен веќе 196 дена.
Бројот на повредени лица кои имаат потреба од лекување надвор од Појасот Газа се искачи на 12.400, додека 12.500 лица заболени од рак се соочуваат со смрт поради неадекватно лекување.
Поради честите раселувања, заразни болести се дијагностицирани кај 1.737.524 лица во Газа, а хепатитис Ц е откриен кај 73.338 лица.
Околу 60.000 бремени жени во Газа се загрозени поради недоволна здравствена заштита, а 350.000 пациенти со хронични заболувања страдаат од недостиг на лекови.
Во соопштението се наведува дека Израел уапсил 6.400 Палестинци во Газа, меѓу кои се 319 здравствени работници, од кои тројца лекари биле убиени во затворите.
Познати се податоци за 40 новинари кои се притворени од Израел во Газа.
Во Појасот Газа се раселени два милиони луѓе, а околу 100.000 шатори за раселени Палестинци се оштетени и станале неупотребливи.
Израелската армија уништила 208 јавни институции, а целосно се уништени 131 училиште и универзитет, додека 346 се делумно оштетени.
Во нападите загинале 12.700 студенти, а 785.000 палестински студенти се лишени од образование.
Во Газа загинале 754 наставници и образовен персонал, како и 141 високообразовен службеник, академик и истражувач.
Од почетокот на нападите уништени се 86 проценти од Појасот Газа, а директната штета предизвикана од израелските напади достигнала 37 милијарди долари.
Уништени се 815 џамии, за 151 џамија потребна е обнова, а уништени се и три цркви. Покрај тоа, уништени се 19 од 60 гробишта, а израелската армија украла тела на 2.300 Палестинци од Газа.
Целосно се уништени 160.000 куќи, 83.000 куќи станале неупотребливи, а 193.000 куќи се делумно уништени.
Во нападите, за повеќе од една година, Израел користел 83.600 тони експлозиви.
Во нападите врз здравствениот сектор 34 болници и 80 здравствени центри се ставени надвор од функција, а нападнати се 162 здравствени установи и 134 амбулантни возила.
Забележано е дека во израелските напади се уништени 206 историски и археолошки локалитети.
Во Извештајот се истакнува и дека Израел нанел голема штета на инфраструктурата во Газа, вклучувајќи на инфраструктурата за струја, вода, патишта и канализација. Уништени се 3.130 километри далноводи, 125 трансформатори, 330 километри водоводна мрежа, 6,5 километри канализациона мрежа и 2.835 километри патишта и улици.
Неупотребливи се 717 бунари за вода, а луѓето страдаат од сериозен недостиг на вода. ссм/
фото: ЕПА