• вторник, 24 декември 2024

Во завршна фаза е изградбата на канализацискиот систем во Раброво

Во завршна фаза е изградбата на канализацискиот систем во Раброво
Гевгелија, 29 март 2022(МИА) - Проектот за изградба на канализацискиот систем за фекални води, кој е во завршна фаза, конечно ќе го реши деценискиот проблем на жителите од село Раброво, за кои беше приоритетно барање за решавање, потврдија денеска од Општина Валандово. Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов информира дека реализацијата на капиталниот проект, кој по барање на месното население беше поставен на општинската приоритетна листа, ќе ја чини општината околу 34 милиони денари кои беа обезбедени преку Владата на Република Северна Македонија. - Системот содржи фекален колектор во должина од 1.659 метри и секундарна канализациска мрежа од 22 инсталациски краци со вкупна должина од 4.570 метри.Со системот ќе бидат опфатени сите семејства и локации предвидени со урбанистичкото проширување на населеното место по што Раброво ќе биде уште еден успешен пример за рамноправен пристап во заедницата и силната желба за развој на секое населено место во општина Валандово, рече Костадинов.им/фф/

Остани поврзан