• понеделник, 23 декември 2024

Во епидемијата на треската Денга во Мали починаа 21 лице, регистрирани 600 нови случаи

Во епидемијата на треската Денга во Мали починаа 21 лице, регистрирани 600 нови случаи

Бамако, 6 декември 2023 (МИА) - Во епидемијата на треската Денга во Мали, починаа 21 лице, а има повеќе од 600 нови случаи, соопштија денеска властите во таа западноафриканска земја.

Денга треската е вирусна инфекција која се шири од комарци, која предизвикува болест слична на грип, а во тешки случаи може да предизвика болки во зглобовите, отечени жлезди, тешко крварење и смрт.

Владата на Мали сè уште официјално не објави никакви информации за болеста, ниту дали побарала помош од Светската здравствена организација (СЗО).

Во Мали, каде вооружените групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава војуваат со државата, а има и голем број раселени лица, епидемијата на Денга треската ја влошува хуманитарната ситуација.

Официјални лица во Мали изјавија дека треската се појавила и во Буркина Фасо и Сенегал.

СЗО објави рекорден број случаи на Денга оваа година во Бангладеш и во Америка, каде што се пријавени повеќе од 300 илјади случаи.

Научниците проценуваат дека секоја година има околу 96 милиони случаи на инфекции со Денга во светот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан