Во Елисејска палата средба Макрон – Абас
- Плановите за делумна или целосна израелска анексија на Западен Брег се црвена линија, на која силно ќе реагираме со нашите европски партнери, изјави претседателот на Франција, Емануел Макрон на денешната средба во Елисејска палата со палестинскиот претседател Махмуд Абас
Париз, 11 ноември 2025 (МИА) – Плановите за делумна или целосна израелска анексија на Западен Брег се црвена линија, на која силно ќе реагираме со нашите европски партнери, изјави претседателот на Франција, Емануел Макрон на денешната средба во Елисејска палата со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Според него „насилството на доселениците и забрзувањето на проектот на населување достигнуваат нови нивоа кои ја загрозуваат стабилноста на Западен Брег и претставуваат кршење на меѓународното право“.
Абас ја потврди својата посветеност на реформите во рамките на Палестинската самоуправа, вклучително и одржување предвремени избори.
- Ја обновуваме нашата посветеност на реформите тука пред вас, наведе Абас, додавајќи дека реформите вклучуваат организирање претседателски и парламентарни избори.
Тој додаде дека изборите ќе се одржат „една година по преминот кон втората фаза од прекинот на огнот“ во Појасот Газа, што вклучува разоружување на палестинското движење Хамас.
Абас и Макрон најавија создавање заеднички комитет за изготвување устав за палестинската држава, која Франција неодамна ја призна. ми/
фото: ЕПА