Во Долнени до 9 часот гласале 1,73 отсто за претседателските и 2,34 отсто за парламентарните избори
- Во мултиетничката општина Долнени гласањето се одвива без проблеми, информираат од општинската изборна комисија.

Прилеп, 8 мај 2024 (МИА) - Во мултиетничката општина Долнени гласањето се одвива без проблеми, информираат од општинската изборна комисија.
До 9 часот на гласање за претседателските избори излегле 1,73 проценти од запишаните 11 730 избирачи, а за парламентарните избори правото на глас до 9 часот го искористиле 2,34 проценти од 11 748 гласачи. ем/хс/
Фото: МИА архива