Во Демир Хисар викендов ќе се одржи фестивалот „Велигденски фолклорни средби“
- Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, в недела во Демир Хисар ќе се одржи осмиот по ред национален фолклорен фестивал „Велигденски фолклорни средби“.

Демир Хисар, 11 април 2025 (МИА) - Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, в недела во Демир Хисар ќе се одржи осмиот по ред национален фолклорен фестивал „Велигденски фолклорни средби“.
На плоштадот „8-ми Септември“, в недела напладне ќе настапат културно уметничките друштва „Илинден“-Демир Хисар, „Рацин“-Кичево“, „Копачка“-Делчево, „Мирка Гинова“-Демир Капија, „7-ми Септември“-Македонски Брод, „Брвеница“-Брвеница и битолските КУД „Илинден“ и „Гоце Делчев“.
Фестивалот е во организација на Домот на културата „Илинден” и под покровителство на градоначалникот на Општина Демир Хисар.
„Велигденски фолклорни средби“ се проект од национален интерес во културата за 2025 година, соопштија од тамошната локална самоуправа. мт/цр
Фото: Општина Демир Хисар